За настанот
СУГС „Браќа Миладиновци“ е едно од 11 средни стручни училишта на Град Скопје што склучија меморандум за соработка со Зоолошката градина Скопје, што е во функција на унапредување на образованието, практичната работа, креативноста и грижата за природата кај учениците.
Како што истакнуваат од ЗОО Скопје, со поддршка на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Градот Скопје ќе се работи на нови проекти и активности кои ќе придонесат за развој и унапредување на ЗОО Скопје, а учениците ќе добијат можност своето знаење, талент и вештини да ги покажат во пракса и да бидат дел од вистински, значајни проекти.
Целта е создавање навики за чиста и зелена животна средина, подобрување на благосостојбата на животните и, што е најважно, кај младите генерации да се развиваат емпатијата, одговорноста и љубовта кон животните и природата.
Прогамата можете да ја видете или преземете тука.
Спонзори на настанот
Им благодариме на нашите спонзори за нивната поддршка и придонес во реализацијата на настанот
